Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2017

Историја на Левандовски, прв пат видео судија во Бундеслигата

Фудбалерите на Баерн Минхен со победа ја почнаа одбраната на титулата во германската Бундеслига, на домашен терен го победија Баер Леверкузен со 3-1.

Головите за Баерн ги постигнаа Никлас Зиле во деветтата, Корентен Толизо во 19-тата и Роберт Левандовски во 53-тата минута од пенал, додека стрелец на единствениот погодок за гостите беше Адмир Мехмеди во 65-тата.
Баерн офанзивно тргна од самиот старт, а тоа донесе резултат уште во деветтата минута, кога дебитантот Себастијан Руди изведе корнер од левата страна и на другата страна ја пречека Зиле, кој топката со глава ја испрати во мрежата на Баер.
Само десет минути подоцна, „баварците“ водеа 2-0, а стрелец беше Толизо. Тој речиси од истото место како и Зиле го совлада Бернд Лено, само што овој пат топката во казнениот простор по корнерот ја испрати Артуро Видал.
Почетокот на второто полувреме десетина минути го одложи силниот дожд кој врнеше во текот на целиот натпревар.
Судиите му досудија пенал на Баерн на почетокот на второто полувреме. Првобитно главниот судија не го виде фаулот, но по дојавата, одлучи да покаже на белата точка, а сигурен изведувач беше Левандовски, кој го постигна 114-тиот гол во дресот на германскиот клуб и стана десетти најдобар стрелец во историјата на Баерн.
Тој со тоа го престигна Марио Гомес, кој забележа 113 голови.
Мехмеди во 65-тата минута со силен удар од околу 15 метри од десната страна го совлада Свен Улрајх и го постави конечниот резултат 3-1.
Останатите натпревари од првото коло на Бундеслигата се играат викендов.

 

Најнови вести