Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2017

Ливерпул го победи Хофенхајм, АПОЕЛ убедлив против Спарта

Ливерпул и АПОЕЛ се на чекор од пласман во групната фаза на Лигата на шампионите.

Ливерпул во првиот натпревар од последното коло од квалификациите за Лигата на шампионите како гостин го совлада Хофенхајм со 2-1 и со овој резултат може релативно мирно да го почека реваншот, кој ќе се игра за една седмица на „Енфилд роуд“.
Прв шанса за да поведе имаше Хофенхајм, а Ливерпул не искористи неколку убави шанси. „Црвените“ поведоа со голот на дебитантот во Лигата на шампионите Трент Александер-Арнолд во 36-тата минута. Трент одлично го изведе слободниот удар и му донесе предност на неговиот тим.
Во второто полувреме, за да биде уште полошо за Хофенхајм, центаршутот на Милнер се одби од Нортвејт и заврши во мрежата на домаќините. Три минути пред крајот на натпреварот, германскиот тим сепак постигна погодок. Марк Ут без двоумење шутираше и го матира Мињоле за 2-1 пред реваншот во Ливерпул.
Со 2-0 славеше АПОЕЛ, кој беше подобар од Спарта Прага.
Кипраните работата ја завршија за десет минути од натпреварот. Уште во втората минута Игор де Камарго одлично реагираше на топката испратена од корнер и му донесе предност на домаќинот.
Само по осум минути, Естатиос Алонефтис од работ на казнениот простор одлично ја шутираше и постигна гол за конечни 2-0 во овој дуел.
Славија ќе има за што да жали бидејќи пропушти неколку одлични шанси барем за да го ублажи поразот и со гол во гости да си ја олесни работата во Прага.
Карабаг со 1-0 го победи Копенхаген, ЦСКА славеше со неверојатен автогол против Јанг бојс, а во дуелот меѓу Спортинг и Стеауа немаше голови.

Најнови вести