Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2017

ЛШ: Карабаг за историја, Клоп го надмудри Нагелсман

Пласман во групната фаза од Лигата на шампионите синоќа обезбедија Ливерпул, ЦСКА Москва, АПОЕЛ, Спортинг Лисабон и Карабаг.

Ливерпул со втората победа против Хофенхајм во двомечот обезбеди место во групите од Лигата на шампионите.
Садио Мане во 10-тата минута го проигра Емре Џан кој го постигна својот прв гол сезонава, а на 2-0 зголеми Мохамед Салах кој одлично реагираше по одбиената топка од дирекот во 18-тата минута. Три минути подоцна со вториот гол Џан зголеми на 3-0 на асистенција на Роберто Фирмино. Хофенхајм преку нововлезениот Марк Ут намали на 3-1 во 28-ата минута.
Интересно беше и во второто полувреме иако имаше помалку голови од првото. Капитенот на „црвените“ Џордан Хендерсон освои топка на противничката половина и го проигра Фирмино за 4-1, а конечниот резултат го постави Вагнер во 79-ата минута.
Голема драма имаше во Копенхаген каде данскиот шампион го победи Карабаг со 2-1, но гостите на првиот меч славеа со 1-0 и се изборија за групната фаза со што станаа првиот клуб од Азербејџан кој ќе игра во Лигата на шампионите.
Иако Стеауа имаше 0-0 од првиот натпревар, Спортинг  Лисабон покажа дека е многу подобар тим и славеше со 5-1. 
АПОЕЛ од Кипар повторно ќе игра со европската елита. Кипраните по победата од 2-0 на домашен терен во Прага против Славија одиграа рутински без голови и обезбедија трет пласман во групната фаза, прв од сезоната 2011/12 кога дојдоа до четврт-финалето.
Во Лигата на шампионите ќе игра и ЦСКА Москва која го елиминираше швајцарскиот Јанг бојс.
По среќната победа на првиот натпревар, ЦСКА на домашен терен беше подобра и славеше со 2-0.

Најнови вести