Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
21.7.2017

Вест хем блиску до договор со Чичарито

Фудбалскиот клуб Вест хем е блиску до договор со Хавиер Чичарито, напаѓачот на Баер од Леверкузен, пренесува Би-би-си.

„Чеканите“ кон овој трансфер пристапуваат многу оптимистично и веруваат дека лесно ќе го убедат Мексиканецот да се врати во Англија.
Поранешниот играч на Манчестер јунајтед во август 2015 година направи трансфер од редовите на „црвените ѓаволи“ во Баер Леверкузен за околу десет милиони евра.
Оттогаш одигра 76 натпревари за германскиот клуб постигнувајќи 39 голови. Од друга страна, во Јунајтед беше познат како џокер и на 156 натпревари постигна 59 голови.
Сè уште не се знае колку би морало Вест хем да издвои за Мексиканецот, кој скоро стана најдобар стрелец во историјата на националниот тим со 47 погодоци.

Најнови вести