Корисничко име Лозинка Пријави се
13.1.2018

Баерн победува и без Левандовски

Фудбалерите на Баерн 2018 година ја почнаа со лесна победа од 3-1 над Баер во Леверкузен, во дербито од 18-тото коло на Бундеслигата.

Иако играа без Мануел Нојер, Матс Хумелс, Тијаго Алкантара и Роберт Левандовски, „баварците“ продолжија таму каде што застанаа есента.
Стрелци во петтата последователна победа на тимот на Јуп Хејнкес беа Хави Мартинес во 32-рата, Франк Рибери во 59-тата и Џејмс Родригес во 91-вата минута.
Во меѓувреме, Кевин Фоланд намали на 1-2 во 70-тата минута, но Колумбиецот во продолжението на времето сурово ја казни пропуштената шанса на Леон Бејли за изедначување.
Баерн е убедливо прв на табелата со 44 бода, со 14 повеќе од првопласираниот Шалке, кој викендов гостува кај Лајпциг, додека Баер сега е четврти со 16 бода.
Во наредното коло Баерн ќе го дочека давеникот Вердер, додека Баер ќе гостува кај Хофенхајм.

Најнови вести