Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2016

Кевин Фоланд е ново засилување на Леверкузен

Досегашниот центарфор на Хофенхајм, Кевин Фоланд потпиша петгодишен договор со Баер Леверкузен, потврдено е на официјалната интернет страница.

Фоланд се обврза на соработка до 30-ти јуни 2021 година, а како што наведуваат германските медиуми, договорот е вреден 15 милиони евра.
„Морав да ја искористам можноста да играм во врвен клуб во Лигата на шампионите. Баер е идеален тим за мене и за мојот понатамошен развој, а воедно и вистински клуб да се претставам на европската сцена. Многу сум возбуден и се надевам дека со новиот тим ќе ги остварам големите цели“, изјави 23-годишниот напаѓач за интернет страницата на Леверкузен.
Фоланд за Хофенхајм запиша 143 настапи и постигна 36 голови, додека за репрезентацијата на Германија одигра шест натпревари.

Најнови вести