11.2.2016 Хофенхајм остана без тренер
Тренерот на Хофенхајм Хуб Стевенс вчера поднесе оставка на функцијата поради здравствени проблеми, соопшти германскиот бундеслигаш.
„Имам аритмија... Можно е да ми биде потребна операција. Секогаш зборував дека здравјето е на прво место“, изјави 62 годишниот Стевенс.
Тој кон крајот на октомври го презема Хофенхајм, откако беше отпуштен дотогашниот шеф на стручниот штаб Маркус Гиздол поради лошите резултати. Сепак, Хофенхајм ни под водството на Стивенс не успеа да забележи добри резултати и да„побегне“ од зоната за испаѓање.
„Многу ми е жал што морам да го оставам клубот во ваква ситуација, но се надевам и мислам дека сите ќе разберете дека моето здравје има приоритет“, изјави Стевенс.
Хофенхајм по 20 одиграни натпревари во Бундеслигата го зазема претпоследното 17-то место со 14 бодови, пет помалку од Вердер кој во моментов е на последната позиција. Стевенс на 10 натпревари со Хофенхајм само еднаш успеа да триумфира.
Германскиот тим во соопштението наведе дека помошниците на Стевенс, Алфред Шредер и Армин Ројтершан ќе го предводат тимот понатаму.