Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2014

Стевенс доби отказ од ПАОК

Грчкиот суперлигаш ПАОК го отпушти холандскиот тренер Хуб Стевенс по вчерашното реми против Ерготелис.

Шеесетгодишниот Стевенс го презеде ПАОК во јуни минатата година. Челниците на грчкиот клуб не се двоумеа да му дадат отказ на Стевенс, со оглед на тоа дека минатиот месец клубот беше елиминиран во Лигата на Европа.
Стевенс привремено ќе го замени Георгиос Георгијадис, а на крајот на сезоната се очекува тимот да го преземе досегашниот селектор на Грција, Фернандо Сантос.
ПАОК моментно го дели второто место со Атромитос со 55 бодови, но дури со 19 бодови заостанува зад водечкиот Олимпијакос.
Стевенс на 44 натпревари со ПАОК оствари 25 победи, девет ремија и десет порази.


Најнови вести