Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2015

Бербатов во Солун, го засили ПАОК

Димитар Бербатов, поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, го засили ПАОК, потврдено е на интернет-страницата на клубот.

Бугарскиот напаѓач минатата сезона ја помина во Монако, а со тимот од Солун потпиша едногодишен договор.
Бербатов кариерата ја почна во ЦСКА од Софија, а потоа настапуваше за Баер од Леверкузен, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Фулам и Монако.
Најмногу успех имаше во дресот на Јунајтед, каде што од 2008 до 2012 година на 149 натпревари постигна 56 голови и освои две титули на Премиер лигата, Светското клупско првенство, Лига купот и два пати Комјунити шилд.
За репрезентацијата на Бугарија забележа 78 настапи и постигна 48 погодоци.

Најнови вести