Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Мурињо никогаш не планирал да го доведе Роналдо во Манчестер

Стратегот вели дека немало никаков контакт

По победата на Манчестер јунајтед на гости кај Барнли, Жозе Мурињо може да здивне. Менаџерот на „црвените ѓаволи“ реши да ги коментира шпекулациите дека летово било можно Кристијано Роналдо да дојде на „Олд Трафорд“. 
Роналдо навистина си замина од Реал, но не отиде во Англија, туку во Италија, и тоа во Јувентус. Токму Јувентус е противник на Манчестер јунајтед во групната фаза од Лигата на шампионите. 
„Јувентус е еден од клубовите кои решија да инвестираат во нови играчи затоа што сакаат да ја освојат Лигата на шампионите. Не би имале потреба на големи инвестиции за да го освојат Скудетото, бидејќи веќе шест-седум години по ред се шампиони. Сега нивната голема цел е да бидат најдобри во Лигата на шампиони. Во последните неколку години, два пати играа во финалето, но загубија. Мислам дека токму затоа овој тим, заедно со Ливерпул потрошија многу пари. Купија фантастични играчи, како што се: Емре Џан, Роналдо, Бонучи, но ние нема да им се предадеме. Дали сум имал можност да кажам „да“ или „не“ за доаѓањето на Роналдо во Манчестер? Таква варијанта никогаш не била во игра“, вели Мурињо.

 

Најнови вести