Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Реал и Манчестер во битка за играч на Атлетико

Зимскиот преоден рок може да биде „жежок“

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, уште пред неколку недели потенцираше дека не е задоволен од тоа како купуваше во летниот преоден рок и дека му се потребни уште неколку нови играчи. Еден од тие кои може да се најдат на листата на Мурињо е и Лукас Ернандес од Атлетико Мадрид. 
Францускиот репрезентативец игра одлично, а тоа веднаш го има забележано Мурињо, кој би сакал да го види на „Олд Трафорд“ во дресот на ангислкиот гигант. Сепак, Манчестер не е единствен кој се интересира за Ернандес. Градскиот ривал на Атлетико, Реал Мадрид најави дека би можело да се вмеша во трката за доведување на дефанзивецот. 
Ернандес кај „јорганџиите“ е од 2014 година и со мадриѓаните се има радувано на пехари во Лигата на Европа и во Суперкупот на Европа, а летово со Франција стана светски првак.

 

Најнови вести