Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Ерера повеќе не трпи лажни ветувања: Ќе го напушти Јунајтед во јануари

Шпанскиот играч за врска требаше да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“, но, раководството ги откажа преговорите

Андер Ерера одлучи да го напушти Манчестер јунајтед во следниот преоден рок, кој ќе се отвори со почетокот на 2019 година. Шпанецот летово започна преговори околу нов договор со клубот од „Олд Трафорд“, но раководството прво одолговлекуваше, а сега ги откажа преговорите за обновување на соработката. Неговиот договор истекува по крајот на оваа сезона, Ерера имаше намера да остане во Манчестер и да се бори за место во тимот, но, се чини дека непрофесионалните потези на управата го натераа да ја промени одлуката.

Токму затоа Ерера одлучи да си замине во јануари, здосадено му е од лажни ветувања, додека слабата минутажа уште повеќе го натера да размислува за промена на средината. Повремениот шпански репрезентативец од почетокот на сезонава настапи само на еден натпревар за Јунајтед, во поразот од 3-0 против Тотенхем одигра само 55 минути.

Манчестер јунајтед летово го доведе Фред, кој зазема позиција на средината во тактиката на Мурињо заедно со Погба, додека шанса пред Ерера добиваат Фелаини и Матиќ, па се чини дека за шпанскиот фудбалер има сѐ помалку место во првиот тим.

Ерера пристигна како големо засилувње од Атлетик Билбао за сума од 37 милиони евра во 2014 година, а одигра вкупно 163 натрепвари во сите натпреварувања и постигна 17 погодоци за „црвените ѓаволи“.

Најнови вести