Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2018

Кантона: Мурињо е добар, но не е за тренер на Манчестер

Легендата на Манчестер го обвини Португалецот за слабите резултати на клубот

Еден од најдобрите играчи во историјата на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона остро го критикуваше тренерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо за тоа како го води англискиот гигант. Според Кантона, назначувањето на Мурињо за предводник на тимот од „Олд Трафорд“ било голема грешка. 
„Начинот на игра на Мурињо воопшто не ми се допаѓа. Нема креативност, играта е бавна. Мурињо е добар човек, но не е вистинскиот за Јунајтед. Уште е рано да се збори за тоа што ќе биде оваа сезона. Манчестер јунајтед е голем клуб и секогаш треба да остане така. Сигурен сум дека повторно ќе продолжи да освојува трофеи“, вели Кантона. 
Некогашниот француски фудбалер вели дека многу подобро ќе било ако во Мначестер за тренер го донеле Пеп Гвардиола, кој е на кормилото на градскиот ривал Сити. 

 

Најнови вести