Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Некогашната надеж на Манчестер ќе игра во Грција

Федерико Македа не успеа да ги оправда очекувањата и не се вивна во фудбалските височини

Италијанскиот фудбалер Федерико Македа е нов играч на грчкиот клуб Панатинаикос. Македа важеше за еден од најталентираните фудбалери и се очекуваше да има блескава кариера. Беше дел од Манчестер јунајтед во времето кога главен беше Сер Алекс Фергусон. 
Популарниот Ферги дури му даде и шанса, а Македа постигна еден многу важен гол во тогашниот обид да се освои титулата во Премиер лигата. Токму тој гол му беше „виза“ за да се покаже како врвен играч, но за жал тоа не се случи. 
Формата на Македа падна, си замина од „Олд Трафорд“, а никогаш не стана играч од светска класа. Италијанскиот напаѓач сега си најде нов клуб. Ќе игра во Грција за тимот на Панатинаикос. Во ПАО дојде како слободен играч, откако претходно го имаше раскинато договорот со италијанскиот второлигаш Новара. 

 

Најнови вести