Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2015

ПАОК бара нов тренер

Грчкиот фудбалски суперлигаш ПАОК ја раскина соработката со тренерот Ангелос Анастасијадис, соопшти солунскиот клуб.

Ангажманот на Анастасијадис на кормилото на ПАОК, негов трет во кариерата, заврши по вчерашното реми без голови против Астерас Триполис, по кое клубот остана со десет бодови зад водечкиот Олимпијакос и второпласираниот Панатинаикос.
Анастасијадис по трет пат на клупата на ПАОК дојде минатата сезона, а пред тоа клубот го водеше во периодот од 1997 до 1999, како и од 2002 до 2004 година. Јоргос Јоргијадис, досегашниот помошник на Анастасијадис, е именуван за привремен вршител на должноста тренер до крајот на сезоната.

Најнови вести