Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2012

ПАОК доби казна пред исклучување

Европската фудбалска унија го казни ПАОК од Солун со условна казна на една година поради упад на навивачите во текот на плејофот за Лигата на Европа против Рапид.

Владејачкото тело на европскиот фудбал, исто така, го казни солунскиот клуб со три натпревари играње без присуство на публиката и парична казна од 150.000 евра.
Тоа воедно значи дека ПАОК ќе може да игра во Лигата на Европа оваа сезона ако се квалификува, но дека во случај на нови инциденти, во наредната година веднаш стапува на сила суспензијата од европските натпреварувања.
Во првиот меч ПАОК го победи клубот од Виена со 2-1, а дуелот го обележа судирот на навивачите на двата клуба уште пред да почне натпреварот. Десетина навивачи влегоа на теренот бидејќи навивачите на Рапид пред тоа на нив фрлаа ракети.
Киријакос Киријакос, портпаролот на клубот од Солун, рече дека ПАОК ќе го искористи правото на жалба во наредните денови.

Најнови вести