Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Алегри откри зошто Роналдо не бил во Монте Карло

Главниот играч на Јувентус бил многу „вознемирен“

Кристијано Роналдо синоќа не се појави на церемонијата на УЕФА на која беа доделени наградите за најдобри играчи во Лигата на шампионите за минатата сезона, а беше избран и најдобриот играч во Европа. Роналдо го доби приматот за најдобар голгетер, но не и за најдобар играч во Европа. Таа награда замина кај Лука Модриќ од Реал Мадрид. 
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, вели дека Роналдо е одлично и дека редовно тренира, но дека не заминал на церемонијата бидејќи бил лут. 
„Роналдо редовно доаѓа на тренинзите. Нормално дека синоќа беше лут, бидејќи минатата сезона даде 15 голови во Лигата на шампионите и заедно со Лука Модриќ и останатите го освои трофејот во елитната лига. Поради тоа, беше многу вознемирен, но сето ова покажува дека тој сака да продолжи да работи и ќе биде подобар во нашиот тим“, рече Алегри. 
Роналдо летово реши да си замине од Реал Мадрид и потпиша за Јувентус.  


Најнови вести