Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Модриќ: Не се изненадив од потегот на Роналдо

Хрватот вели дека му било очекувано Кристијано да не се појави во Монте Карло

Лука Модриќ го доби најголемото индивидуално признание воо кариерата, откако беше прогласен за најдобар играч во Европа, во изборот на УЕФА. Капитенот на хрватската репрезентација е најдобар, а веднаш зад себе ги остави Мохамед Салах од Ливерпул и доскорешниот негов соиграч од Реал, а сега член на Јувентус, Кристијано Роналдо. 
На церемонијата во Монте Карло, од тројцата најдобри единствено не се појави Роналдо. Причина за недоаѓањето на Португалецот е фактот дека тој не бил прогласен за најдобар. Ваквата реакција на Роналдо воопшто не е чудна за Модриќ. 
„Не ме изненади тоа што не дојде. Жал ми е што не беше таму, но сигурен сум дека имал причина зошто не бил на церемонијата. Ќе ми беше мило да го видев пак, но веќе кога не дојде, се надевам дека ќе се видиме во скоро време на некое друго место“, рече актуелниот најдобар фудбалер во изборот на УЕФА, Модриќ. 
Менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш го нарече „смешен“ изборот на УЕФА и беше зачуден како тоа Кристијано не ја доби таа награда. Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри откри дека Роналдо бил разочаран и лут бидејќи сметал дека тој е најдобриот, па затоа решил да не отпатува во Монте Карло. 

 

Најнови вести