Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Нова феноменална партија на Тричковски – Хет-трик асистенции за пласман на АЕК во ЛЕ

Иван Тричковски повторно одигра брилијантна партија фудбал и со три асистенции беше еден од најзаслужните за победата на АЕК Ларнака со 3-0 против Тренчин, доволно за пласман во Лигата на Европа

Еден од најдобрите стрелци во квалификацискиот циклус за пласман во Лигата на Европа, македонскиот репрезентативец Иван Тричковски повторно одигра одличен меч и со три асистенции им сервираше три погодоци на соиграчите од АЕК Ларнака,- во победата од 3-0 против Тренчин. Тричковски досега немилосрдно ги тресеше мрежите, во квалификациите постигна 6 погодоци, а вечерва беше во поинаква улога. Умешно им додаваше за голови, двапати на Јану и еднаш на Акоран за убедлив триумф на кипарскиот состав.
Првиот меч во Словачка заврши нерешено, 1-1, па денешните 3-0 беа сосема доволни за пласман на АЕК во фазата по групи во Лигата на Европа.
Тричковски го одигра целиот меч во Ларнака, а стандарден во одбраната на АЕК е и Даниел Мојсов, па двајцата играчи што имаа настапи во македонската репрезентација, утре ќе ја чекаат ждрепката за групите во Лигата на Европа.

 

Најнови вести