Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Мендеш нервозен: Роналдо ја заслужи наградата на УЕФА

„Тој беше играчот кој го носеше Реал Мадрид на својот грб“, вели менаџерот на Португалецот

Менаџерот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш беше многу лут и незадоволен по синоќешната гала свеченост во Монте Карло, на која беше прогласен најдобриот фудбалер во Европа за минатата сезона. 
Иако Роналдо беше еден од тројцата во потесниот избор, Кристијано остана зад неговиот доскорешен соиграч од Реал Мадрид, Лука Модриќ. Хрватот за прв пат во кариерата ја освои оваа награда, додека Роналдо не успеа да го одбрани приматот од лани. 
„Фудбалот е игра меѓу четирите линии на теренот, а таму Кристијано победува. Даде 15 гола во Лигата на шампионите, го носеше Реал Мадрид на својт грб за да биде освоена уште една титула во елитната лига. Ова е смешно. Голем срам“, незадоволно коментираше Мендеш. 
Роналдо, кој не присуствуваше на церемонијата во Монте Карло, сепак не е без награда. Тој беше прогласен за најдобар напаѓач во Лигата на шампиони за сезоната 2017/18. 

 

Најнови вести