Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2018

Голот на Роналдо против Јуве е најдобар за сезоната 2017/2018

Кристијано со „ножички“ погоди на Торино во четвртфиналето од ЛШ

Кристијано Роналдо додаде уште една вредна награда на своето конто. Португалецот го доби признанието за најдобар погодок во сезоната 2017/18, во изборот на УЕФА. Во дресот на Реал Мадрид, Роналдо со „ножички“ погоди против Јувентус во Торино, во четвртфиналето од Лигата на шампионите. 
По погодокот на Роналдо, речиси сите навивачи на Јувентус станаа и му аплаудираа на противничкиот играч. Подоцна како што кажа самиот Роналдо, токму тој потег со аплаузот од публиката бил еден важен момент во одлуката, кариерата од неодамна да ја продолжи токму во Јувентус. 
Во гласањето за најдобар гол, Роналдо доби убедливо најмногу гласови. Навивачите му дадоа 197.496 гласови, а далеку зад него е второпласираниот Дмитри Паје од Марсеј со 35.558 гласови за голот даден против Лајпциг во четвртфиналето од Лигата на Европа. 
На третото место во изборот се најде Ева Наваро од Шпанија за погодокот на дуелот против Германија на Европското првенство за играчи до 17 години. Таа доби 23.315 гласови. 

 

Најнови вести