Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Меч на денот - ПАОК тргна во Лисабон по историја, Бенфика игра за континуитет во Лигата на шампионите

Грчкиот вицешампион ПАОК пристигна во Лисабон по историја во обид да го изненади фаворитот Бенфика и за првпат да се пласира во фазата по групи во Лигата на шампионите

Бенфика го носи ореолот фаворит против грчкиот ПАОК, во првиот дуел од двомечот што одлучува која екипа ќе игра во фазата по групи во Лигата на шампионите.
Вечерва од 21 часот на „Луж“ во Лисабон домаќините играат за да го продолжат континуитетот од настапи во европската елита, во луксузната Лига на шампиони. Бенфика има многу поголем рејтинг од ПАОК во европскиот фудбал, има две титули и пет финалиња и ја има предноста во двомечот. Грците никогаш досега не играле во фаза по групи во ЛШ, а во квалификациите играат одлично. Го елиминираа Базел, а потоа го изненадија и рускиот состав на Спартак Москва. Сега се на прагот на историја, но задачата е тешка против лисабонските „орли“, кои се искусна и суперквалитетна екипа. Португалците умешно се справија со тешката задача во претходното коло и го елиминираа Фенербахче.
Бенфика е фаворит и коефициент за победа на домаќинот во нашите обложувалници е 1,62 во „Бонус тип“. Ремито се вреднува со коефициент од 3,95, а изненадување и триумф на ПАОК е со „квота“ 6,75.

 

Најнови вести