Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2013

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Шалке поради македонското знаме

Европската фудбалска унија покрена дисциплинска постапка против германскиот Шалке бидејќи поддржувачите на тој клуб на овонеделниот натпревар во баражот за Лигата на шампионите против ПАОК истакнале знаме на Македонија.

Шалке во своето соопштение истакнува дека УЕФА постапката ја покренала бидејќи навивачите истакнале знаме, како и тоа дека задоцниле со предавањето на протоколот за натпреварот.
На средбата меѓу Шалке и ПАОК полицијата употреби сила против навивачите на „кралско-сините“ за да ги натера да го тргнат знамето на Македонија. Во тој случај беа повредени околу 30 навивачи.
Клаус Сицер, шефот на полицијата во Гелзенкирхен, рече дека таквите мерки биле неопходни бидејќи 2.000-те навивачи на ПАОК предизвикани со истакнувањето на знамето биле закана да извршат инвазија на теренот и да ги нападнат домашните навивачи.
Од Шалке за овој настан ја негираа вината и соопштија дека им е потребен правен совет. Тие, исто така, оценија дека полициската реакција била несразмерна.

Најнови вести