Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Розенборг е со две лица – Ранлив во Европа и непобедлив во Норвешка

Розенборг е фаворит со Шкендија во двомечот што ќе одлучува за тоа која екипа ќе игра во Лигата на Европа, но норвешкиот првак има и слаби страни, особено во овој квалификациски циклус

Розенборг е најдобрата норвешка екипа со 25 титули и ќе биде тежок ривал и пречка на патот на македонскиот првак Шкендија кон првиот настап на тетовци во Лигата на Европа.
Утре почнува двомечот на арената „Леркендал“, каде што Розенборг е речиси непобедлив. Сезонава од 9 гостински екипи, само лидерот Бран успеа да го победи трикратниот првак на Норвешка во серија, а ниту во европските настапи избраниците на Рини Кулен немаат пораз на домашен терен. Но, затоа се ранливи кога гостуваат и веќе загубија два меча во овој квалификациски циклус. Најпрво, Селтик во Глазгов ги надигра и победи со 3-1 и ги исфрли од игра за настап во Лигата на шампионите, а потоа и исландски Валур како домаќин беше подобар и славеше со 1-0, сепак недоволно комплетно да ги поништи шансите на Розенборг за настап во Лигата на Европа.
Норвешкиот првак беше подобар дома, славеше со 3-1, сосема доволно за да остане во трката за ЛЕ. Шанса на Шкендија се чини е реванш-дуелот во Скопје, иако тетовци имаат амбиции и шанси и утре да се обидат да го изненадат фаворитот, кој ретко губи на арената „Леркендал“. Место на кое една година претходно Вардар беше поразен со 1-3, во меч од групата Л во Лигата на Европа. Во Скопје беше нерешено, 1-1.

 

Најнови вести