Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

ПСЖ купи млад германски дефанзивец за 37 милиони евра

Новото засилување на францускиот првак пристигнува до редовите на Шалке

Актуелниот шампион на Франција ја зацврстува својата одбрана со младиот дефанзиец на Шалке, Тило Керер. Дваесет и едногодишниот стопер се сели во Париз за сума од 37 милиони евра.

Германецот ги договорил и чилните услови со францускиот гигант, ќе потпише четиригодишен договор со плата од пет милиони евра по сезона, а во текот на овој ден треба да ги помине медицинските прегледи пред трансферот да биде официјализиран. Шалке се обиде да го задржи својот иден репрезентативец понудувајќи му нов договор, но раководството на клубот одлучи да ја прифати понудата на ПСЖ бидејќи профитот е голем од оваа продажба.

Новиот тренер на „светците“, Томас Тухел, е добро запознат со квалитетите на овој млад дефанзивец. Извесно време го следи неговиот напредок, па така не беше тешко да ја убеди управата на ПСЖ да издвои средства за да му ја исполни желбата.


 

Најнови вести