Корисничко име Лозинка Пријави се
30.4.2013

Тренерска смена и во ПАОК

Грчкиот фудбалски суперлигаш ПАОК од Солун објави дека го отпушти тренерот Јоргос Донис по елиминацијата во полуфиналето на националниот куп.

ПАОК заврши како второпласиран во лигашкиот дел на државното првенство, но во саботата беше поразен од екипата на Астерас и нема да игра во финалето на Купот на Грција на 11-ти мај против Олимпијакос.
„Одлучивме да го раскинеме договорот со тренерот Донис од совршено добри причини кои се негова вина“, соопшти популарниот клуб.
ПАОК потврди дека екипата до завршувањето на сезоната ќе ја води техничкиот директор на клубот, Јоргос Георгијадис, а грчките медиуми тврдат дека налето за нов шеф на стручниот штаб ќе биде именуван српскиот стручњак Иван Јовановиќ, тренерот кој со кипарски АПОЕЛ лани беше пријатно изненадување во Лигата на шампионите.

Најнови вести