Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.1.2018

Спектакуларен дочек на Миралјас во Атина

Грчкиот шампион договори позајмица на Кевин Миралјас од Евертон до крајот на сезоната, а навивачите на најтрофејниот грчки клуб покажаа дека не ги заборавиле одличните игри на белгискиот репрезентативец во неговиот прв мандат во Пиреја.

Миралјас во Атина беше пречекан како бог! Во периодот од 2010 до 2012 година беше важен играч за тимот кој освои две шампионски титули и еден Куп. 
Во двете сезони за „црвено-белите“ одигра 52 натпревари и постигна дури 34 голови, а потоа за шест милиони фунти прејде во Евертон.
За „карамелите“ настапи на 151 меч и 29 пати беше стрелец. Олимпијакос за шестмесечната позајмуца на Евертон му плати четири милиони фунти.
Дресот на репрезентацијата на Белгија го носеше 56 пати и десет пати се запиша на листата на стрелците.

Најнови вести