Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Грчка провокација – Олимпијакос му забрани на Барнли да тренира на „Караискакис“

Раководството на Барнли најави дека ќе се жали до УЕФА за лошиот третман во Атина, откако од домашниот Олимпијакос им беше забрането да тренираат на стадионот „Караискакис“

Барнли го игра најважниот двомеч во историјата на клубот, по 52 години има шанса да игра во Лигата на Европа, но не тече сè мазно за англискиот клуб пред дуелите со Олимпијакос. На играчите на Барнли не им беше дозволоено да тренираат на стадионот „Караискакис“, на кој денеска ќе се игра првиот дуел од плејоф-фазата за настап во ЛЕ. Домаќините, под изговор дека го чуваат теренот за мечот денеска од 20 часот, не им дозволија на гостите да тренираат на нивниот стадион. Иако, според правилата на УЕФА, Барнли има право да одржи официјален тренинг на стадионот на кој ќе се игра натпреварот, сепак тие беа преселени на друга локација.
„Ова е нефер потег. Под изговор дека го чуваат теренот за мечот, не ни дозволија да тренираме. И алтернативниот терен беше лош. Сите клубови од Премиер лигата и од Шампионат имаат многу подобри услови од овие што ни ги понудија. Разочарани сме од односот, а на терен ќе се обидеме во фер битка да бидеме подобри“, изјави Шон Дајч, менаџерот на Барнли.
Клубот по пауза од 52 години, игра европски натптревари и е на два чекори до историски пласман во фазата по групи во Лигата на Европа. Олимпијакос има многу поголемо педигре во еврокуповите, но ги разочара Англичаните со потегот и забраната да тренираат на стадионот „Караискакис“ во Атина.

 

Најнови вести