Корисничко име Лозинка Пријави се
23.4.2018

АЕК ја прекина седумгодишната доминација на Олимпијакос

Фудбалерите на АЕК станаа шампиони на Грција по 12-ти пат во историјата, а прв пат по 24 години.

АЕК на две кола пред крајот, се стекна со предност од осум бода во однос на ПАОК, иако се чека одлуката на Фудбалскиот сојуз по повод жалбата на „црно-белите“ од Солун за одземањето бодови поради прекинот на натпреварот со Атињаните во март.
Во секој случај, судот може само да ја одложи прославата на АЕК, кој засега е шампион на Грција, а до титулата дојде со победата над Левадијакос со 2-0 пред 60.000 навивачи на Олимпискиот стадион.
АЕК со тоа ја прекина седумгодишната доминација на градскиот ривал Олимпијакос, и тоа во втората сезона откако се врати од понискиот ранг на натпреварување.
Атинските „жолто-црни“ ќе имаат шанса одличната сезона да ја завршат со двојната круна бидејќи на 12-ти мај ќе играат со ПАОК во финалето на Купот на Грција, на нивниот стадион.

Најнови вести