Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Јаја Туре потпишува за Олимпијакос

По цели 13 години, Туре повторно ќе го носи дресот на грчкиот гигант

Јаја Туре ќе ја продолжи кариерата во грчкиот шампионат, во тимот на Олимпијакос. Ексрепрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска доаѓа како слободен агент откако летово му заврши осумгодишната соработка со Манчестер сити.

За Туре ова е „камбек“ по 13 години во редовите на грчкиот гигант. Во сезоната 2005/06, триесет и петгодишниот играч за врска беше еден од клучните фудбалери на Олимпијакос кон походот до двојна круна во Грција. Раководството на клубот се надева дека со враќањето на Туре, ќе можат да го повторат тој успех.

Најнови вести