Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
14.9.2018

Давид Силва сака да ја заврши кариерата во тим од втора лига

Ѕвездата на Манчестер сити изненади кога откри кој е неговиот омилен клуб

Еден од најдобрите играчи на Манчестер сити, Давид Силва, откри дека сака кариерата да ја заврши во Лас Палмас. Тоа е клубот од неговиот роден град, но никогаш не играл за него. Лас Палмас до минатата сезона беше дел од Примера дивисион, но по лошата сезона мораше да се пресели во еден ранг пониско и сега е дел од Сегунда. И покрај таквата ситуација со клубот, Силва би сакал да заврши во Лас Палмас.
„Имам уште две години од договорот со Манчестер сити, а потоа не знам што ќе се случува. Се е во зависност од тоа како физички и психички ќе се чувствувам. Секогаш сум сакал кариерата да ја завршам во тимот на Лас Палмас“, вели 32-годишниот Силва.
Офанзивниот играч за врска кариерата ја започна во Б тимот на Валенсија, а потоа играше и за првиот тим на „лилјаците“. Како позајмен играч ги носел дресовите и на Еибар и Селта, а од 2010 година е дел од Манчестер сити. За „граѓаните“ има одиграно 349 натпревари во сите конкуренции и досега дал 62 погодоци. Три пати се радувал на титулата во англиската Премиер лига.

Најнови вести