Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Шкендија е поблиску до Лига на Европа, загуби 3:0 од Салцбург

Македонскиот првак ќе има тешка задача во реваншот против Австријците

Македонскиот фудбалски првак Шкендија загуби со 3:0 од Салцбург, во првиот меч од третото квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Салцбург покажа зошто е апсолутен фаворит во овој меч и без поголеми проблеми стигна до посакувана предност пред реваншот, кој следната недела ќе се игра во Скопје. 
Рано падна одбранбениот бедем на Шкендија. Во 16 минута домаќините поведоа со голот на Дабур од пенал. Истиот играч по годи за 2:0 во третата минута од судиското надополнување, а конечните 3:0 ги постави Самасеку, повторно од пенал, овојпат во 81 минута.
Во 83 минута, Салцбург остана и со играч помалку, откако беше исклучен Јунузовиќ, но и тоа не беше проблем за домаќините да ја задржат убедливата предност.
Шкендија во реваншот во Скопје че има тешка задача да направи сензација, но и доколку испадне од квалификациите за Лигата на шампионите, тетовци ќе продолжат во плеј-офот за пласман во групната фаза од Лигата на Европа. 
Во вториот меч одигран од 19 часот во квалификациите за ЛШ, ПАОК со 3:2 го победи Спартак Москва. Русите имаа водство од 2:0, но ПАОК со три погодоци уште во првото полувреме на прави целосен пресврт. Во вториот дел немаше голови, па Грците на реваншот ќе патуваа со еден гол позитива. 

 

Најнови вести