Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2017

Риека во финишот поразена во Пиреја, Селтик веќе ја слави Лигата на шампионите

Фудбалерите на Олимпијакос ја совладаа Риека со 2-1 во првиот натпревар од плејофот за Лигата на шампионите со погодокот на Ромао во втората минута од продолжението на времето.

Олимпијакос до триумфот стигна и покрај тоа што хрватскиот тим на полувремето имаше предност.
Стоперот од Того најдобро се снајде во казнениот простор на гостите, ја искористи лошата грешка на Жупариќ и по центаршутот на Елабделау, со глава ја смести топката зад грбот на голманот Слуга.
Со тоа екипата на Бесни Хаси дојде до целосен пресврт бидејќи во финишот на првото полувреме Ебер со преубав погодок ги казни промашувањата на Олимпијакос. Бен и Себа беа деконцентрирани во неколку наврати, а Бразилецот во редовите на Риека во 42-рата минута ја измами одбраната и погоди блиску до аголот.
Грчкиот шампион ја оправда улогата фаворит во продолжението и Ромао постигна погодок за 2-1.
Селтик против Астана комплетно ја заврши работата за понатамошен пласман, кој по првата средба, дојде до предност од огромни 5-0. По половина час игра во Глазгов, Рогиќ шутираше кон голот на Мокина, топката го погоди Постњиков и заврши во мрежата. Скот Синклер на почетокот на вториот дел уште еднаш се запиша во листата на стрелците. Конечниот резултат за екипата на Брендан Роџерс го поставија Форест и Грифитс.
Добар резултат имаше и Наполи во едно од дербијата, на неговиот стадион ја совлада Ница со 2-0.
Хапоел Бер Шева губеше на домашен терен од Марибор, но до полувремето направи пресврт на 2-1 и дојде блиску до историски пласман во Лигата на шампионите.
Шпанскиот претставник Севилја со 2-1 славеше во Истанбул против Башакшехир и мирно ќе го чека реванш-натпреварот.

Најнови вести