Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2018

Хаос во Грција – навивачите на Олимпијакос ги нападнаа гостинските фудбалери

Дербито во Грција меѓу Олимпијакос и АЕК го обележаа големи нереди.

Клубот од Пиреја беше пред победа, но во финишот на натпреварот примија два гола, во 87-мата и во 94-тата минута, поради што 50 илјади навивачи на Олимпијакос со факли влетаа на стадионот „Караискакис“ за да се пресметаат со гостинскиот тим.
Како што наведуваат локалните медиуми, полицијата спречила инциденти на хулиганите кои со столици и со факли се обиделе да се пресметаат со органите на редот.
Екипата на Олимпијакос оваа сезона е во лоша форма  и моментно се наоѓа на третото место на табелата со четири бода помалку од првопласираниот ПАОК.

Најнови вести