Корисничко име Лозинка Пријави се
31.10.2017

Валверде: Ја знаеме ситуацијата, но сме свртени кон фудбалот

Ернесто Валверде, тренерот на Барселона, изјави дека на неговите фудбалери не им смета кризата во Каталонија.

Каталонските лидери минатата недела прогласија независност на покраината, по референдумот кој ја предизвика кризата.
Парламентот на Каталонија минатиот петок со 70 гласови од 135 пратеници прогласи независност на тој регион од Шпанија. Набрзо потоа, Сенатот, горниот дом на шпанскиот парламент, го одобри воведување принудна управа во Каталонија.
„Гледаме што се случува, но сме сконцентрирани на нашата задача, а тоа е да победуваме во натпреварите и да ги усреќуваме нашите навивачи“, изјави Валвереде.
Барселона, која е еден од најгласните заговорници за независноста на Каталонија, утре, од 20.45 часот ќе игра во Атина против Олимпијакос, во натпреварот од четвртото коло на групата Д во Лигата на шампионите.
Валверде во Пиреја убаво го дочекале навивачите на Олимпијакос, неговиот поранешен клуб. Тој изјави дека ова за него ќе биде посебен натпревар.

Најнови вести