Корисничко име Лозинка Пријави се
29.12.2011

О’Нил селектор на Северна Ирска

Мајкл О’Нил, поранешниот тренер на Шемрок, е новиот селектор на Северна Ирска, соопштија од Фудбалската федерација на земјата.

Тој ќе го замени Најџел Вортингтон на местото селектор, а договор потпиша на две години и националниот тим ќе го предводи во наредниот квалификациски циклус за Светското првенство во Бразил 2014 година, а официјално ќе го преземе на први февруари.
Новиот селектор на Северна Ирска во текот на фудбалската кариера играше за голем број клубови од Англија, меѓу кои и Њукасл. За репрезентацијата на својата земја настапи триесет и три пати.
Најголемиот успех како тренер го постигна токму оваа година, кога со својот Шемрок успеа да се пласира во Лигата на Европа, каде што не успеаја да освојат ниту еден бод, во групата со ПАОК, Рубин Казањ и Тотенхем.
На почетокот на овој месец тој даде оставка од клубот, откако се зголемија шпекулациите дека е најсериозниот кандидат за преземање на националниот состав.

Најнови вести