Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Тотенхем не дозволи да киксне

Во дуелот на двата лондонски тима, домаќинот се радуваше со 3:1

Тотенхем е единствениот тим во Англија кој не доведе ниту еден играч во летниот преоден рок, а тоа засега се покажува како добар потег. Лондонскиот премиерлигаш славеше со 3:1 во дуелот со градскиот ривал Фулам, во второто коло од Премиер лигата. 
Домаќинот имаше предност од 1:0 на полувремето благодарение на голот на Лукас во 43 минута. Фулам се закани во 52 минута кога погоди Митровиќ. Да нема изненадувања се погрижија англиските репрезентативци Трипие и Кејн со погодоците во 74 и 77 минута, за конечни 3:1 за Тотенхем. 
Предноста на домашен терен ја искористија и Евертон кој со 2:1 го победи Саутемптон и Лестер кој беше подобар со 2:0 во дуелот против Вулверхемптон. На гостински терен единствено се радуваше Борнмут кој со 2:1 беше подобар кај Вест Хем. 

 

Најнови вести