Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Њукасл го намачи фаворитот, Манчестер сити сепак победи со 2:1

Манчестер сити ја забележа третата победа во Премиерлигата, иако аутсајдерот Њукасл го намачи фаворитот

Со головите на Стерлинг и на Вокер, Манчестер сити го победи Њукасл со 2:1, иако се намачи да го надигра аутсајдерот. По голот на Стерлинг во раната фаза од мечот, гостите се заканија со изненадување и со голот на Једлин израмнија на 1:1. По првиот дел беше нерешено, а за триумф на популарните „граѓани“ се погрижи дефанзивецот Кајл Вокер. Тој го постигна победничкиот гол за главниот фаворит за титулата и му ја донесе третата победа на Сити во четвртиот меч во Премиерлигата.
Моментно тимот од Манчестер е на третата позиција со 10 бода зад водечкиот двоец Ливерпул и Челзи, кои имаат максимален учинок со по 12 бодови.
Њукасл има само еден бод на делба на претпоследното место на табелата.

 

Најнови вести