Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2018

Бразил дели „петарди“, Аргентина не може гол да даде

Ноќеска се одиграа пет пријателски мечеви на селекции од Јужна Америка.

Петкратниот светски првак Бразил лесно и убедливо го победи Салвадор со 5-0 во пријателски меч. „Кариоките“, предводени од капитенот Нејмар, уште во четвртата минута со голот од пенал на најголемата ѕвезда го најавија убедливиот триумф. 
До крајот на првото полувреме погодија и Ричардсон во 16-тата и Кутињо во 30-тата минута. Во второто полувреме Ричардсон погоди по втор пат, а во 90-тата минута конечниот резултат го постави Маркињос. Дуелот се одигра на неутрален терен во САД. 
За разлика од Бразил, Аргентина не можеше да постигне ниту еден гол, па на крајот одигра 0-0 во дуелот со Колумбија. „Гаучосите“ се без Лионел Меси, кој најави дека е на привремена пауза од репрезентативните обврски. Иако Меси не беше на теренот, сепак во дресот на Аргентина играа ѕвезди како што се Икарди и Дибала, но не успеаја да постигнат гол. 
Во останатите пријателски мечеви кои се играа ниќеска, САД со 1-0 го победи Мексико, Венецуела славеше против Панама со 2-0, а Еквадор со истиот резултат ја победи Гватемала. 

 

Најнови вести