Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

На Тотенхем му се погодија премиерите против Њукасл

Тотенхем повторно со победа ја почна новата сезона во Премиерлигата, а како пресликано од лани, стартот беше со успех на гостински терен против Њукасл

Тотенхем победнички ја почна новата сезона во Премиерлигата, а и втора сезона по ред тоа го стори против Њукасл на гостински терен. Лани гостите од Лондон славеа со 2:0, а денеска попладне забележаа триумф од 2:1.
Тотенхем поведе со голот на Вертонген во осмата минута, а технологијата мораше да помогне за да се забележи голот на Белгиецот, но топката ја мина гол-линијата, па гостите имаа предност од 1:0. Израмни Жозелу само 180 секунди подоцна, а победа на тимот од Лондон донесе Деле Али со гол во 18. минута.

 

Најнови вести