Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

„Генералот“ на Ливерпул останува на „Енфилд“ најмалку до 2023 година

Капитенот Џордан Хендерсон ја продолжи соработката со клубот од Мерсисајд

Долгогодишниот член на Ливерпул, Џордан Хендерсон, ја продолжи соработката со клубот - капитенот останува на „Енфилд“ најмалку до 2023 година. Англичанецот во 2011 година пристигна од редовите на Сандерленд за сума од 16 милиони фунти и наметнувајќи се сѐ повеќе со својот авторитет, заслужи да ја наследи капитенската лента од Стивен Џерард, откако клупската легенда си замина по сезоната 2014/15.

„Пресреќен сум што и во наредните години ќе ги бранам овие бои. Не можам да се замислам да играм за ниту еден друг клуб, сакам да останам во Ливерпул што подолго, да бидам дел од оваа прекрасна организација и да помогнам да остварува успеси“, се огласи Хендерсон преку социјалните мрежи откако стави потпис на новиот договор.

Дваесет и осумгодишниот фудбалер досега има одиграно 284 натпревари за тимот од Мерсисајд, постигнувајќи 24 погодоци, додека асистирал на 40 гола.

Најнови вести