Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Митровиќ го урна рекордот на Салах

Александар Митровиќ и денеска беше стрелец за Фулам, постигна еден го во ремито против Брајтон, 2:2 и со голот урна еден интересен рекорд

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ и денеска беше стрелец за Фулам, заедно со Садио Мане се најдобри стрелци во Премиерлигата со по 4 погодоци, а денеска тој го урна рекордот на Мохамед Салах.
Митровиќ сега има 16 погодоци за Фулам откако во февруари почна да игра за овој состав и тоа е рекорден број на голови на играч во Англија во период од февруари до септември.
Претходно Салах во ист период успеа да постигне 15 голови, еден помалку од популарниот Митро-гол. 

 

Најнови вести