Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Конечно добри вести за Мурињо: Матиќ и Валенсија се вратија на тренинг пред дуелот со Тотенхем

Португалскиот стратег конечно ќе го има целиот тим на располагање за дербито против Тотенхем

Немања Матиќ и Антонио Валенсија се вратија на тренинзите на Манчестер јунајтед по повредите кои ги заработија за време на претсезонските пријателски натпревари. Враќањето на дуото ќе му ги намали проблемите на Мурињо, барем што се однесува за мечот против Тотенхем.

И двајцата се во конкуренција за настап, иако е рано да се предвиди дали ќе започнат од првата минута или Португалецот повторно ќе мора да посегне по алтернативите.

Манчестер јунајтед не ја започна сезоната во Премиер лигата како што се очекуваше. По тешко изборениот триумф над Лестер со 2-1 во првото коло, Јунајтед доживеa бламажа против Брајтон по поразот од 3-2, а веќе во понеделник ги очекува првиот потежок тест, на „Олд трафорд“ гостува амбициозиот Тотенхем.

Најнови вести