Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Меч на денот – Сити е фаворит на „Емирати“, нова ера зори над Арсенал

Големо дерби уште во првото коло во Премиерлигата – Силата на „граѓаните“ нема граници, но, дали навистина Арсенал се прероди со доаѓањето на Унаи Емери, или ќе гледаме реприза од изминативе сезони

Премиерлигата носи многу возбудувања уште во првото коло. Уште на стартот од новото издание на англискиот шампионат ќе проследиме големо дерби - Арсенал против Манчестер сити. Англискиот шампион ќе се обиде веднаш да му создаде главоболки на новиот менаџер на Арсенал, додека пак фановите на „топчиите“ длабоко во себе веруваат дека најлошото помина и следи нова ера во клубот, ера без Арсен Венгер.

Едно треба да биде сигурно, фудбалскиот стил на Емери не се разликува многу со оној на Венгер, па од Арсенал се очекува да игра брз и атрактивен фудбал, но истиот да носи резултати. На другата страна пак, Гвардиола диригира безпрекорно, Сити уште повеќе го усоврши својот стил на игра, се виде на средбата против Челзи во „Комјунити шилд“.

Емери и Гвардиола досега се пресметале 10 пати, како тренери на Валенсија и Барселона. Предност во овој податок има Пеп, шест пати го надмудрил својот колега, четири меча завршиле без победник, додека Емери не знае за триумф против својот сонародник.

На тревата на„Емирати“ ќе зачекорат неколку нови лица. Со реформите во Арсенал пристигнаа Бернд Лено, Сократис Папастатопулос, Стефан Лихштајнер, Лукас Тореира, како и младиот Матео Гендузи, и сите се во конкуренција за настап. Емери не може да смета на Кошчелни, Колашинац, Монреал и Велбек, додека се уште не е познато дали Ремзи ќе истрча на теренот.

Гвардиола пак може да го награди новото засилување на „граѓаните“, Ријад Марез, со лигашко деби од првата минута, додека во тимот од одмор се вратија Кевин Де Бруин и Рахим Стерлинг.

Несомнено, и двете екипи ќе сакаат позитивен старт на сезоната, особено Сити бидејќи сега го бранат трофејот. Нашата понуда за овој дуел гласи дека токму Сити е фаворит, со квота од 1.90 за евентуална „двојка“, квотата за „кец“ на Арсенал е 3.70, додека за реми ви нудиме квота 3.80.

Најнови вести