Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2016

ПАОК го менува Тудор, Ивиќ е новиот тренер

Грчкиот суперлигаш ПАОК од Солун го отпушти хрватскиот тренер Игор Тудор и донесе одлука екипата да ја преземе некогашниот фудбалер на Партизан Владимир Ивиќ.

Лошите резултати кои ги бележат фудбалерите на ПАОК во последно време доведоа до промена на тренерот во грчката фудбалска лига.
Хрватскиот стручњак Игор Тудор доби отказ, а шансата да седне на клупата на првиот тим на ПАОК ја доби поранешниот фудбалер на Партизан, Владимир Ивиќ.
Владимир Ивиќ се наоѓа во ПАОК од 2008 година и до сега покрај играњето во грчкиот клуб го водеше и младиот тим.
По смената на Игор Тудор, младиот српски тренер ќе добие можност да се докаже и во работата во првиот тим, а нема сомнеж дека ќе има голема поддршка од навивачите меѓу кои го ужива статусот на клупска икона.
Најголемиот успех во досегашниот тек на тренерската кариера Владимир Ивиќ го оствари со младиот тим на ПАОК со кој ја освои титулата првак на Грција.
Клубот од Солун во моментов се наоѓа на четвртата позиција на табелата на грчката Суперлига со 24 бодови заостанување зад водечкиот Олимпијакос.

Најнови вести