Корисничко име Лозинка Пријави се
30.4.2013

Хајдук го смени Крстичевиќ, нов тренер Игор Тудор

Управата на хрватскиот фудбалски прволигаш Хајдук од Сплит го смени тренерот Мишо Крстичевиќ и на негово место го постави Игор Тудор, поранешен играч на клубот и истакнат репрезентативец.

Со Крстичевиќ е раскината соработката по првенствениот пораз од Риека во Сплит (2-1), а договорено е Тудор да ја води екипата до завршувањето на сезоната.
Триесет и петгодишниот Тудор, кој во кариерата играше за Јувентус и Сиена, ќе биде еден од најмладите тренери на популарниот клуб и ова ќе му биде прво тренерско искуство.
Се очекува Хајдук под негово водство во двата финални натпревари на Хрватскиот куп против Локомотива од Загреб да го освои трофејот и да избори пласман во Европа.
Хајдук моментно е четвртопласирана екипа на табелата на националното првенство дури со 19 бодови заостанување зад водечкиот шампион Динамо од Загреб.

Најнови вести