Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2017

Адеми се враќа во репрезентацијата по суспензијата

Игор Ангеловски, селекторот на Македонија, го врати во репрезентацијата Аријан Адеми, фудбалерот на Динамо Загреб, кому му истече двегодишната суспензија поради допинг.

„Среќен сум што се враќа еден таков фудбалер, кој од седми октомври ќе има право да настапува за нашата репрезентација и ние мораме да направиме сè што е во наша моќ, заедно со неговиот клуб, да се врати во натпреварувачка форма“, изјави Ангеловски.
Тој додаде дека на списокот од 23-ца играчи повикани за подготовките за претстојните две средби од квалификациите за Светското првенство 95 отсто се истите играчи како на претходниот собир.
Покрај Адеми, во македонската национална селекција се враќаат напаѓачот Ферхан Хасани и голманот Дамјан Шишковски, а ќе недостасуваат Давид Бабунски и голманот Дејан Илиев.
Македонија последните два квалификациски натпревари ќе ги игра против Италија, во Торино на шести октомври, и три дена подоцна во Струмица против Лихтенштајн.

Најнови вести