Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
13.3.2018

Динамо за тренер го доведе помошникот на Билиќ

Управата на фудбалскиот клуб Динамо од Загреб постигна договор со Никола Јурчевиќ, кој ќе ја преземе функцијата главен тренер на екипата.

Тој на клупата на Динамо ќе го замени Марио Цвитановиќ, кој поднесе оставка.
Никола Јурчевиќ  фудбалската кариера ја почна во Динамо на осумнаесетгодишна возраст, а беше и репрезентативец на Хрватска, од 1990 до 1996 година.
Тој веќе беше тренер на Динамо, од јуни 2003 до август 2004 година, а во тој период со „сините“ ги освои Купот и Суперкупот на Хрватска.
Неговата последна улога беше помошен тренер во англискиот Вест хем покрај Славен Билиќ, а беше и во стручниот штаб на репрезентацијата на Хрватска во периодот од 2006 до 2012 година, исто така со Билиќ.

Најнови вести