Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Работнички го продаде Сахити во Хајдук Сплит

Младиот албански репрезентативец го напушти тимот од „Градски парк“ и се пресели во хрватското првенство

Емир Сахити е официјално нов член на Хајдук Сплит, откако минатата сезона играше за младинскиот клуб на Хајдук како позајмен играч од Работнички. Младиот албански репрезентативец потпиша четиригодишен договор и се ќе продолжи да се усовршува во вториот тим на Хајдук.

Сахити кариерата ја започна во локалниот албански клуб Рамиз Садику, потоа во Приштина и Трепча, пред да пристигне во Работнички каде дебитираше за првиот тим со неполни 17 години. Играше и за албанската репрезентација до 19 години, а сега е редовен член на селекцијата до 21 години.

Најнови вести