Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Адеми ја обнови повредата, неизвесен е настапот против Гибралтар

Аријан Адеми одигра малку повеќе од половина час за Динамо Загреб против Јанг бојс и мораше да го напушти теренот поради повреда, па сега е неизевсен неговиот настап против Гибралтар

Капитенот на Динамо Загреб и стандарден македински репрезентативец, Аријан Адеми, ја обнови повредата на мускулот и издржа само половина час на вчерашниот реванш-меч со швајцарскиот првак Јанг бојс.
Динамо Загреб загуби со 1-2, а дали македонската репрезентација го загуби Адеми за настапот против Гибралтар на премиерата од Лигата на нациите, ќе се знае до крајот на оваа недела.
„Морав да побарам замена. Не можев да продолжам. Почувствував остра болка во мускулот. Повредата ми е од претходно, од првиот меч со Јанг бојс. Не разочаравме и не гледам во што Јанг бојс беше подобар. Примивме два наивни гола за две минути и сонот за нов настап во Лигата на шампионите ни пропадна. Верувам дека ќе одиграме квалитетно во Лигата на Европа“, изјави Адеми.
Тој долго беше суспендиран поради наводен позитивен допинг-тест, а потоа беше потврдено дека не користел недозволени супстанци, па во финишот на минатиот квалификациски циклус се врати во македонската репрезентација. Со игрите потврди дека е екстра класа фудбалер и ако не игра против Гибралтар на шести септември, тоа ќе биде хендикеп за нашата репрезентација. Со мечот против аутсајдерот на стадионот „Викторија“ во Гибралтар, Македонија го почнува циклусот натпревари во новоформираното натпреварување, Лига на нациите.

 

Најнови вести